Достапни линкови

logo-print

Во Србија по снегот без струја 46.000 домаќинства


Околу 46.000 семејства во Србија останаа без струја, како последица на снегот и силниот ветер што од вчера ја зафатија земјата. Најтешко погодени се реоните на Пријепоље, Рашка, Нова Варош, Гуча, Сјеница и Ивањица. Во општината Нова Варош, каде снегот континуирано врне уште од средата во поладневните часови, без струја остана 2.800 домаќинстава, а некои делови од градот се и без вода за пиење. Во Нова Варош наврнаа околу 25 сантиметри снег, додека на врвовите Златара, Муртеница, Босенија и Јавор има формирано снежна покривка од 40 сантиметри.

XS
SM
MD
LG