Достапни линкови

Груевски во Брисел на средби со Филе и Даниелсон


Премиерот Нилола Груевски

Премиерот Нилола Груевски

Премиерот Нилола Груевски денеска во рамките на дводневната посета на Брисел ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ Кристијан Даниелсон. Груевски вчера во Брисел учествуваше на редовниот Самит на Европската народна партија, а оствари средба и со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, која е прва средба откако францускиот политичар е избран за претседател на ЕПП. Според македонскиот премиер, важноста од оваа средба е огромна со цел претседателот на најголемата политичка партија во Европа, која е и најбројна во Европскиот парламент, да биде во тек со настаните во Македонија, што е важно во очекувањето на неговата помош за одредени прашања.

XS
SM
MD
LG