Достапни линкови

Основана нова азиска банка


Кина и дваесетина други азиски земји и официјално основаа нова меѓународна банка за Азија. Во Пекинг денеска е потпишан меморандум за формирање на Азиска банка за инфраструктурно инвестирање. Пекинг очекува оваа банка да биде конкуренција на веќе постојните слични институции, како Светската банка која е поддржана од Соединетите држави. Во основањето на банката меѓу другите се вклучени и Индија, Катар, Узбекистан, Казахстан и Пакистан. Банката има за цел да финансира изградба на патишта, електрични централи и телекомуникациски мрежи.

XS
SM
MD
LG