Достапни линкови

logo-print

Вашингтон бара сите украинци да гласаат на изборите


портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки

портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки

Соединетите држави побараа сите украинци, вклучувајќи ги и оние во регионите што се под контрола на бунтовниците на истокот на Украина и во анексираниот Крим, да гласаат на претстојните парламентарни избори. Според портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки, изборите се уште една пресвртница за Украина. Таа додаде дека Соединетите држави остро ќе осудат секакво мешање во изборите. Проруските сепаратисти во регионите на Доњецк и Луганск најавија дека ќе одржат одвоени избори во идниот месец. Псаки изјави дека единствени легитимни избори во Украина се оние што ќе се одржат на 25 октомври, со втор круг на 7 ноември. Таа додаде дека Вашингтон е подготвен да соработува со новиот украински парламент во борбата против корупцијата во земјата.

XS
SM
MD
LG