Достапни линкови

Доктор од Њујорк позитивен на ебола


Американски доктор кој се вратил во Њујорк откако работел со заболени од ебола во Западна Африка имал позитивен тест на оваа заболување, прв таков случај во градот. Градоначлникот на Њујорк, Бил де Бласио соопшти дека Креиг Спенсер кој работел за Доктори без граници бил примен во болница со симптоми на ебола. Гуверенерот на Њујорк Ендрју Куомо изјави дека од враќањето на докторот од Гвинеја во почетокот на месецов, тој имал многу малку контакти со други луѓе. Во меѓувреме, властите на Мали соопштија дека едно две годишно девојче било заболено од ебола, прв случај во таа африканска земја.

XS
SM
MD
LG