Достапни линкови

САД нема да дозволат Иран со нуклеарно оружје


Главниот американски преговарач во разговорите со Иран потсекретарот за политички прашања Венди Шерман изјави дека Вашингтон нема да дозволи Техеран да дојде до нуклаерно оружје. Според Шерман, тоа би значело почеток на нуклеарна трка во регионот што пак ќе доведе до натамошна нестабилност. Шерман рече дека Соединетите држави би сакале тоа да го постигнат по дипломатски пат. На 24 ноември истекува рокот до кога Иран и шестте светски сили треба да постигнат договор околу контроверзната иранска нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG