Достапни линкови

ЕУ ја намалува емисијата на штетни гасови за 40 насто


На самитот на Европската унија во Брисел е постигнат договор до 2030 година да се намали испуштањето штетни гасови во атмосферата за најмалку 40 проценти од нивото во 1990 година. Евролидерите сметаат дека ова треба да е сигнал и за Соединетите држави и Кина да го следат европскиот пример до самитот на Обединетите нации за климатски промени што кон крајот на идната година ќе се одржи во Франција.

XS
SM
MD
LG