Достапни линкови

Нема поврзаност меѓу двата напада во Канада


Канадските безбедносни органи соопштија дека вооружениот напаѓач во главниот град Отава дејствувал сам и оти не бил поврзан со претходниот напад во Квебек. Мајкл Зехаф Бибо кој имал и канадско и либијско државјанство завчера бил застрелан во канадскиот парламент, откако претходно уби еден војник во Отава. Бибо неодамна аплицирал за пасош за да патува во Сирија. Во инцидентот во Квебек што се случил на 20 октомври, Мартин Руло со автомобил удрил во двајца војници при што едниот починал. Веднаш потоа и тој бил убиен од полицијата.

XS
SM
MD
LG