Достапни линкови

Временска прогноза: врнежливо


Денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од седум до 13 степени. Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени. Променливо облачно со врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер ќе се задржи и во сабота. Од недела следува период на стабилно и суво време со ниска утринска температура која на повеќе места ќе биде под нулата, додека дневната ќе бележи тенденција на пораст.

XS
SM
MD
LG