Достапни линкови

САД размислува за санкции и за купувачите на нафта од ИД


САД може да воведат санкции за секој кој ќе купи нафта од милитантната група Исламска држава, во обид да ги прекинат изворите на финансирање на екстремистите. Според нив, нафтата им носи секој ден по еден милон долари приход на ИД. Американскиот потсекретар за финансии Давид Коен рече дека Вашингтон е насочен кон тоа како да се поткопа финансирањето на ИД. Тој вели дека напорно работат да утврдат кој купува нафта и дека купувачите треба да знаат дека САД имаат начин како да го запрат тоа. Според него, милитанти на Исламската држава месечно прибираат десетици милиони долари од продажба на нафта, откуп, изнудување и други криминални активности, како и поддршка од богати донатори. Сепак нафтата им е главен извор на пари, оти имаат под свое големи територии од Ирак и од Сирија, богати со нафта.

XS
SM
MD
LG