Достапни линкови

Рама - односите меѓу Белград и Тирана во „ембрионална фаза“


Албанскиот премиер Еди Рама вели дека односите меѓу Белград и Тирана се наоѓаат во „ембрионална фаза“, и притоа изрази увереност дека земјите од Западен Балкан заедно можат да тргнат напред кон обединета Европа. Тој во интервју за Дојче веле, вели дека ќе преземе се што може за да го спречи минатото да застане на патот кон обединета Европа. Албанскиот премиер рече дека сегашниот мир е постигнат токму затоа што народите во регионот решија да се приклучат кон Европската унија. Тој објасни дека по настаните за време на натпреварот Албанија-Србија и по него, српскиот премиер Александар Вучиќ му се јавил за да му ги објасни своите погледи за настаните, кои биле коренито различни од неговите, но двајцата се согласиле дека треба да гледаат напред и да го продолжат процесот, почнат по иницијатива на германскиот канцелар Ангела Меркел на конференцијата за Западен Балкан, на 28 август во Берлин.

XS
SM
MD
LG