Достапни линкови

Во Белград ЕК го промовираше новиот пристап на економско владеење


Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај на конференцијата во Белград.

На регионалната конференцијата „Западен Балкан: Економско владеење и поврзаност“ што се одржува во Белград беше презентиран и прифатен новиот пристап на економско владеење промовиран од Европската комисија. На конференцијата присуствуваат министрите за надворешни работи и економија на земјите од Западен Балкан, како и потпретседателот на Европската комисија Јирки Катаинен и комесарот за проширување и соседска политика Штефан Филе.

„Повеќе инвестиции во транспортната мрежа во Западен Балкан ќе го донесе регионот поблиску до ЕУ и ЕУ поблиску до регионот“, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој ја поздрави поддршката на иницијативата на ЕУ за подлабока и зајакната соработка меѓу земјите од регионот.

XS
SM
MD
LG