Достапни линкови

СЗО - еболата останува глобална закана


Еболата од која досега починаа речиси 4.900 луѓе останува глобална здравствена закана, соопштија денеска од Светската здравствена организација. Од таму изразија голема загриженост за ситуацијата во Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне. Денеска во Женева се одржа третиот вонреден состанок на телото на СЗО за борба против ебола. Од СЗО велат дека многу е тешко да се обезбеди доволен број на здравствени работници, кои би се бореле против вирусот на национално и на меѓународно ниво. Во август СЗО ја прогласи еболата за глобална закана. Од тогаш болеста брзо напредува. Експретите велат дека приоритет останува да се запре преносот на еболата во погодените земји.

XS
SM
MD
LG