Достапни линкови

Роснефт произведува 5,1 милиони барели нафта дневно


Директорот на рускиот нафтен гигант Роснефт, Игор Сечин, објави дека производството на неговата компанија достигнало 5,1 милиони барели нафта дневно. Зборувајќи на третиот Евроазиски форум во италијанскиот град Верона, Сечин денеска рече дека дневното производство на Роснефт „го надминува производството на многу држави – големи производители на нафта“. И покрај западните санкции против неговата компанија и против него лично, Сечин предвидува дека консолидираните приходи на Роснефт годинава ќе го надминат ланскиот рекорд од 144 милијарди долари. Тој исто така рече дека, како резултат на санкциите против руските нафтени компании, „многу европски рафинерии се најдоа на работ на затворање“. Тој рече дека Роснефт во рускиот буџет плаќа околу 80 милијарди долари годишно.

XS
SM
MD
LG