Достапни линкови

Две деца заразени со западнонилска треска


Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова денеска потврди дека во болницата се лекувале две деца кај кои била дијагностицирана западнонилска треска. Станува збор за две деца на многу мала возраст, кај дете на 18 месеци и четиригодишно детенце, кое во добра кондиција веќе е пуштено дома“, изјави д-р Софијанова.

Помалото дете уште е во болница. Двете деца пред две до три недели престојувале во Грција, што според д-р Софијанова покажува дека западнонилската треска се уште ја има. Западнонилската треска не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец. Најризични категории се постарите лица, деца и луѓе со намален имунитет.

XS
SM
MD
LG