Достапни линкови

Ердоган - 200 ирачки Курди преку Турција ќе одат за Кобани


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на околу 200 ирачки Курди, односно припадници на Пешмерга силите, ќе им биде дозволено да ја користат турската територија за да стигнат до сирискиот град Кобани. Тие треба да им помогнат на сириските Курди кои се борат против милитантите на Исламската држава. Тој рече дека и
сириската курдска група „Демократска унија“ се согласила на акцијата. Околу 2.000 сириски Курди се борат против ИД во Кобани, кој се наоѓа на границата со Турција. Вчера парламентот на курдскиот регион во Ирак одобри испраќањето на ирачки Курди во Сирија.

XS
SM
MD
LG