Достапни линкови

Борби во пакистанската област Хибер


Тројца милитанти и тројца членови на пакистанските безбедносни сили се убиени во новите судири во северозападниот племенски регион Хибер, соопштија пакистанските власти. Пакистанската армија продолжува со операцијата во тој регион, што ја започна претходно овој месец за да ја исчисти областа од исламистички бунтовнички групи. Хибер се наоѓа во полу-автономниот племенски појас на Пакистан во близина на границата со Авганистан. Милитантни групи поврзани со Талибанците и со Ал Каеда се присутни во таа област и вршат напади и во Пакистан и во Авганистан.

XS
SM
MD
LG