Достапни линкови

Русија - не е нарушен воздушниот простор на Естонија


Москва ги негираша тврдењата дека руски воен авион го нарушил воздушниот простор на Естонија. Портпаролот на Министерството за одбрана изјави дека воениот авион полетал од руската енклава Калининград и прелетал над неутрални води на Балтичко Море, додека вршел лет за обука. Естонија вчера го повика рускиот амбасадор на разговори, поради тоа што Армијата соопшти дека рускиот авион летал во естонски простор. Од НАТО соопштија дека авионот прво бил пресретнат од страна на дански авиони додека се приближувал до Данска, потоа тргнал кон Шведска,а кога таму бил пресретнат, се упатил кон Естонија.

XS
SM
MD
LG