Достапни линкови

Кина и Иран сакаат подобра воена соработка


Од кинеското министерство за одбрана соопштија дека сакаат да ги зајакнат воените односи со Иран. Кинескиот министер Чанг Вангуан, имаше средба со адмиралот на морнарицата во Иран, Хабиболах Сајари. Тој вели дека двете арми имаат добра соработка во изминатите години. Иранскиот адмирал рекол дека неговата земја е подготвена на подобрување на односите, особено во поморската соработка. Тој исто така се надева дека земјите повеќе ќе соработуваат и во делот на борбата против пиратството. Кина е дел од преговарачите за нуклеарната програма на Иран и повикува да се надмине ќор-сокакот во кој се наоѓаат преговорите, а исто така ги попречуваше санкциите за Иран.

XS
SM
MD
LG