Достапни линкови

logo-print

На Бандиќ му се заканува долг притвор


Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој во неделата е уапсен под сомнеж дека извршил повеќе кривични дела за корупција, би можел да остане во притвор и една година поради големиот број на сведоци во случаите кои треба да ги докаже. Портпаролот на Канцеларијата за спречување корупција и организиран криминал, Вук Ѓуричиќ, потврди дека имаат предложени 270 сведоци. Со тоа би се продолжил и престојот на актуелниот загребски градоначалник во истражниот затвор Реметинац. Судот му одреди притвор во траење од 30 дена, поради опасност од влијание врз сведоците и повторување на делата.

XS
SM
MD
LG