Достапни линкови

МОК привремено го призна Косово


Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет привремено го призна Косово, со што се создадени услови за полно признавање на Генералното собрание на ИОК кое ќе се одржи во декември во Монако. Се наведува дека Косово ги исполнило сите услови да биде признаено, иако досегашната практика на оваа организација беше земјите како Косово кои не се членки на Обединетите нации да не се прифаќаат за полноправни членки. Со евентуално добивање на полноправно членство во декември се отвора патот на косовските спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година.

XS
SM
MD
LG