Достапни линкови

Самит на ЕУ за климатските промени, еболата


Лидерите на Европската унија на денешниот состанок во Брисел ќе се обидат да постигнат договор за справување со климатските промени и за засилување на напорите во борбата против смртоносната заразна болест, еболата. Главниот фокус на самитот е ставен врз пакетот на целите што во врска со климатските промени би требало да бидат постигнати до 2030 година. Што се однесува до еболата, евролидерите се очекува да одобрат повеќе пари во справувањето со ова заболување од кое досега почнаа скоро 4900 луѓе. На состанокот ќе се разговара и за Украина, како и за заканата од милитаните на Исламската држава во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG