Достапни линкови

logo-print

Канада нема да се заплаши од нападите


Канадскиот премиер Стивен Харпер, откако еден војник вчера беше убиен во Отава, изјави дека Канада нема да се заплаши. Напаѓачот потоа бил убиен во престрелка со полицијата до која дојде во канадскиот парламент.

Канадскиот премиер Стивен Харпер и се обрати на нацијата во моментот кога во главниот град Отава се одвивала голема операција на безбедносните сили во потрага по можни осомничени за вчерашниот инцидент.

Да нема недоразбирање. Ние нема да бидеме заплашени. Канада никогаш нема да се заплаши. Всушност ова ќе ни овозможи да станеме порешителни и да ги засилиме нашите напори, и оние на нашите национални безбедносни агенции да ги преземат сите неопходни чекори за да ги идентификуваат сите закани и да ја одржат безбедноста на Канада.

До него дојде само неколку часа откако Канада го подигна степенот на тревога поради опасност од терористички напади, а кој следеше откако во Квебек беше убиен уште еден канадски војник.

Премиерот Харпер и двата инцидента ги нарече терористички напади и додаде дека безбедносните служби ќе преземат се што е потребно за да ги спречат ваквите инциденти.

„Да нема недоразбирање. Ние нема да бидеме заплашени. Канада никогаш нема да се заплаши. Всушност ова ќе ни овозможи да станеме порешителни и да ги засилиме нашите напори, и оние на нашите национални безбедносни агенции да ги преземат сите неопходни чекори за да ги идентификуваат сите закани и да ја одржат безбедноста на Канада“, изјави премиерот Харпер.

Канада е дел од коалицијата предводена од Соединетите Држави во воздушните напади врз позиции на милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија.

Претходно, канадските власти го идентификувале напаѓачот кој вчера убил еден војник кој држел почесна стража во Отава, а потоа учествувал и во престрелката во парламентот.

Станува збор за Мајкл Зехаф Бибо, кој откако стрелал во канадскиот војник кај споменикот на жртвите од Првата светска војна, влегол во парламентот каде што бил убиен. Во престрелката биле ранети уште две лица.

До овој инцидент дојде само неколку часа откако канадската влада соопшти дека го подигнала степенот поради зголемени општи гласини од радикалните групи како Исламската држава и Ал Каеда.

Се наведува дека разузнавачките служби имале индикации дека индивидуалци или групи во Канада или во странство имале намера и биле во состојба да извршат терористички акт.

Пред два дена канадски милитант уби еден канадски војник во близина на Монтреал во Квебек.

Полицијата соопшти дека го застрелала 25-годишниот убиец кој пред извесно време ја презел исламската вера. Нему претходно му било забрането да замине во Турција.

Останува нејасно дали постои некаква врска меѓу двата напада. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нив.

Канада е дел од коалицијата предводена од Соединетите Држави во воздушните напади врз позиции на милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија.

Американскиот претседател Барак Обама, кој телефонски разговарал со канадскиот премиер Стивен Харпер, ги осуди нападите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG