Достапни линкови

logo-print

Во Белград состанок Западен Балкан, ЕУ


илустрација

илустрација

Министрите за надворешни работи и за економија на земјите од Западен Балкан и високи претставници на Европската унија денеска во Белград ќе разговараат за програмите со кои би можело да се поттикне стопанскиот раст и да се привлечат приватни инвестиции во регионот. На собирот на тема „Економско управување и поврзаност“ би требало да учествуваат министри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово. Најавеното учество на шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај ќе биде прва таква посета од отцепувањето на Косово во 2008 година.

XS
SM
MD
LG