Достапни линкови

Идентификуван еден од напаѓачите во Отава


Канадските власти го идентификувале напаѓачот кој вчера убил еден војник на почесна стража во Отава, а потоа учествувал и во престрелката во парламентот. Станува збор за Мајкл Зехаф Бибо кој откако стрелал во канадскиот војник кај споменикот на жртвите од Првата светска војна влегол во парламентот каде што бил убиен. Во престрелката биле ранети уште две лица. Полицијата наведува дека во пресметката во парламентот учествувале уште две лица. Деновиве во Квебек едно лице со автомобил удрил во двајца војници, при што едниот од нив загинал.

XS
SM
MD
LG