Достапни линкови

Денеска, Денот на македонската револуционерна борба


Во рамките на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба денеска во Скопје, меѓу другото, на добитниците ќе им биде врачена државната награда 23 Октомври. По повод празникот синоќа во Музејот на македонската борба за државност и самостојност се одржа свечена академија на која говореше претседателот Ѓорге Иванов. „Неопходна ни е сплотеноста меѓу власта и опозицијата, меѓу Македонците и Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, меѓу христијаните, муслиманите, Евреите и атеистите, за да успееме да истраеме во нашата цел за просперитетна, посреќна, побогата и посплотена европска и евроатлантска Македонија“, порача Иванов.

XS
SM
MD
LG