Достапни линкови

Уапсено лице за качување на оградата на Белата куќа


Дваесет и три годишниот Доминик Адесанија бил приведен откако синоќа се искачил на оградата на Белата куќа во Вашингтон. Се наведува дека тој не бил вооружен. До овој инцидент дојде откако на 19 минатиот месец едно лице успеа да ја прескокне оградата и да влезе во дворот на Белата куќа, пред да биде уапсен од безбедносните служби. Овој инцидент доведе до оставка на Јулија Пирсон како директор на агенцијата која се грижи за безбедноста на американскиот претседател.

XS
SM
MD
LG