Достапни линкови

Вучиќ очекува добар економски раст во 2016


Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека економскиот раст на Србија во 2016 година ќе биде еден од најголемите во Европа, а значаен пораст се очекува веќе следната година.

Тој истакна дека економскиот раст минатата година изнесувал 2,5 отсто, што според него „е повеќе отколку претходните 10 години“, додека невработеноста е намалена за 46.588 лица.

„Во оваа земја никогаш нема да се живее како бубрег во лој, како што зборуваа некои пред мене, но економијата ќе биде неспоредливо подобра и поздрава“, нагласи Вучиќ.

XS
SM
MD
LG