Достапни линкови

logo-print

Единствениот хокејарски клуб Металург повторно во Балканската лига


Македонскиот хокеј клуб Металург.

Македонскиот хокеј клуб Металург.

Кога е во прашање македонската репрезентација во хокеј на мраз, пак, иако уште пред три години се најавуваше нејзино активирање, ситуацијата и натаму е статус кво. Причина - ако земјата нема лига во хокеј на мраз, не може ни да игра квалификации.

Единствениот активен македонски клуб во хокеј на мраз, Металург, втора сезона по ред ќе се натпреварува во Балканската лига, а за првпат ќе биде дел и од силната хрватска лига во инлајн, односно хокеј на ролерки. Металурзите сезоната ќе ја отворат претстојниот викенд во Софија, на првиот турнир од БАХЛ, каде што ќе бидат во група со четири бугарски екипи.

Главната цел секако е да бидеме подобри од лани. Значи, да напредуваме. Значи, лани бевме таму, видовме, што е, како е, и годинава со искуството од лани ќе сакаме да стигнеме до финалните натпревари. А, после тоа што ќе биде, е веќе плус.

Лани, во оваа лига, Металург го освои петтото место, откако во 13-те средби забележа три победи и едно реми, па сега, според тим менаџерот, но и играч, Зоранчо Гриовски, безмалку комплетниот репрезентативен состав, засилен со тројца интернационалци од Србија, ќе се бори за влез во завршната битка за највисок пласман.

„Главната цел секако е да бидеме подобри од лани. Значи, да напредуваме. Значи, лани бевме таму, видовме, што е, како е, и годинава со искуството од лани ќе сакаме да стигнеме до финалните натпревари. А, после тоа што ќе биде, е веќе плус“, рече Гриовски.

Мора две години да имаме изиграно домашно првенство за да добиеме право на настап во официјални квалификации. Затоа, можно е пријателски натпревари да има во блиска иднина, но за квалификации сигурно уште две години ќе треба да почекаме.

Хрватската лига во инлајн хокеј, пак, стартува на 6-ти ноември во Загреб (каде што ќе се одиграат сите средби, бидејќи на Балканот, само таму има професионални услови за игра). Ова натпреварување е убедливо најквалитетно во регионот, а Металург, покрај со 11-те хрватски екипи, ќе ги одмери силите и со српскиот Партизан (до мај наредната година ќе одигра 30-на средби, најмалку по две со шесте екипи во својата група и по еден дуел со клубовите од другата група). Станува збор за исклучително силна конкуренција, која, пред сè, треба да послужи за подигнување на формата, а потоа и за успешен настап во квалификациите за претстојниот Мундијал во хокеј на ролерки.

„Веќе четири години со македонската репрезентација играме квалификации за СП. И целта ни е, со тоа што играме во хрватската лига, на Балканот и во Западна Европа дефинитивно најдобра лига на ролерки, да стекнеме искуство, добро да се уиграме и да одиме подготвени на квалификациите наредната година и да се пласираме на СП“, додава Гриовски.

Кога е во прашање македонската репрезентација во хокеј на мраз, пак, иако уште пред три години се најавуваше нејзино активирање, ситуацијата и натаму е статус кво. Причина - неисполнувањето услови за настап во мундијалски квалификации, кои ќе останат неостварена желба најмалку до 2017-та година.

„Ние деноноќно работиме на тоа, ама проблемот е што хокеарската свест е малку изгубена во Македонија. Во СЦ Борис Трајковски се отвори лизгалиштето, но таму во прв план е јавното лизгање, потоа е уметничкото лизгање, а ние како хокеари сме последни. Значи, мора најпрво дома да си ја средиме работава за да може да одиме напред. А, покрај тоа мора две години да имаме изиграно домашно првенство за да добиеме право на настап во официјални квалификации. Затоа, можно е пријателски натпревари да има во блиска иднина, но за квалификации сигурно уште две години ќе треба да почекаме“, истакна на крајот Зоранчо Гриовски.

XS
SM
MD
LG