Достапни линкови

logo-print

Временото училиште во ЗИК, проблем и за учениците и за соседите


Учениците Албанци кои учат во објектот на поранешната Дирекција на ЗИК „Куманово“ и жителите кои живеат во близина бараат дислоцирање на училиштето. Секој од своја причина.

Една деценија за средношколците Албанци од Гимназијата „Сами Фрашери“ и од техничкото училиште на албански јазик „Наце Буѓони“ наставата се одржува во субстандардни услови во поранешната Дирекција на ЗИК „Куманово“ во Куманово. Толку време и жителите кои живеат наспроти ова времено училиште, како што велат, се соочуваат со недолично и некултурно однесување на средношколците. И двете страни бараат дислоцирање на училиштето. Секој од своја причина.

Некултурни се. Измет, урина, се има во сокачето. Имаме мали деца. Јас реагирам, тој ме пцуе. Со клоци удираат во портата. Пред две години го претепаа младоженецот, пет часа не можевме да ја оправиме свадбата. Им велам, „немојте деца, не фрлајте ѓубре,“ а тие по мене маваат со камења.

„Заради секојдневните проблеми од учениците од училиштето. Поради недостаток на училишниот простор тие излегуваат од таму, директно на сокак, доаѓаат тука, купуваат храна, јадат, фрлаат отпад. Ние реагираме на тоа, а тие стануваат агресивни, не навредуваат, имаше и тепачка, интервенираше и полицијата.“

„Ни ја скршија оградата и ставивме мрежа. Лом прават. Уринираат по ќошиња. Бесрамно.“

„Некултурни се. Измет, урина, се има во сокачето. Имаме мали деца. Јас реагирам, тој ме пцуе. Со клоци удираат во портата. Пред две години го претепаа младоженецот, пет часа не можевме да ја оправиме свадбата. Им велам, „немојте деца, не фрлајте ѓубре,“ а тие по мене маваат со камења.“

Проблемот не е ниту до нашите деца, до директорот, ниту до соседите, би рекол. Проблемот со локацијата на објектот на училиштето е општински проблем, не само на учениците Албанци, туку и на сите други кои живеат во нашиот град.

„Врескаат, излегувам и ги молам културно да не го прават тоа, оти спијат мали деца, а тие уште повеќе се смеат, ракоплескаат. Што да правиш? Да ја сведнеш главата, да молчиш и да трпиш. Врескаат како да се во планина“, велат жителите кои живеат во близина на училиштето.

Тие додаваат дека барале помош од надлежните релевантни фактори и во општината и во државата, меѓутоа, до сега ништо не е преземено.

Во импровизираниот времен објект настава на албански јазик посетуваат над илјада средношколци. За нив училишниот двор е една од најфреквентните сообраќајници во Куманово, „ Трета македонска урадна бригада“, каде што е лоциран и Зелениот пазар, како и околните улички. За време на училишните одмори нема сообраќајна безбедност ниту за учениците, ниту за возачите.

Затоа и раководниот тим од гимназијата, како што велат, упорно бара дислокација на училиштето.

Халил Камбери секретар во гимназијата, вели дека им треба нормален училишен објект, но негира дека средношколците недолично се однесуваат со околината, освен кога имало инцидент пред две години.

„Секогаш се работи на такво нешто, бидејќи самата институција е едукативна. И наставниците и раководството на училиштето постојано го прави тоа, за сите проблеми и појави сме во тек. Проблемот не е ниту до нашите деца, до директорот, ниту до соседите, би рекол. Проблемот со локацијата на објектот на училиштето е општински проблем, не само на учениците Албанци, туку и на сите други кои живеат во нашиот град“, појаснува Камбери.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG