Достапни линкови

Пукотници пред Парламентот во Отава


Канадската полиција трага по напаѓач кој застрела и повреди војник во близина на Собранието во Отава. Тие ја пребаруваат областа околу собранието. По пукотниците премиерот Стивен Харпер со оклопно возило бил однесен во безбедна зона. Напаѓачот застрелал војник кој стоел пред воен споменик наспроти парламентот, а сведоци велат дека потоа се упатил кон зградата на Собранието. Ден претходно човек со автомобил се обиде да прегази војник, но полицијата го застрелала. Полицијата рече дека индицентот е терористички напад.

XS
SM
MD
LG