Достапни линкови

Земјотресите ги вознемирија охриѓани


Охрид е трусно подрачје и затоа охриѓани велат дека новите зградит треба да се градат според највисоки стандарди. Трите земјотреси за само два дена ги вознемирија граѓаните.

Сопствениците на градежни компании од Охрид и Струга, велат дека се што градат е според највисоките стандарди за градба и можат да издржат земјотреси до одредена јачина. Трите земјотреси за само два дена ги вознемирија охриѓани, иако знаат дека Охрид важи за трусно подрачје. Охриѓани бараат зградите кои се градат во Охрид, да се градат според највисоки стандарди, за да може да изржат евентуално посилни земјотреси.

Се што е поново е полошо градено, тоа е мое мислење. Постарите згради мислам дека се постабилни.

„До сега издржуваат, за понатаму ќе видиме, не дај боже да има посилни земјотреси. Треба да се градат згради според сите стандарди и прописи, нормално како и секаде.“

„Се што е поново е полошо градено, тоа е мое мислење. Постарите згради мислам дека се постабилни“, сметаат охриѓани.

Можам да гарантирам, особено за нашата фирма, дека вакви земјотреси од 4-5 степени не можат да делуваат негативно. Ние градиме и за повисоки и посилни земјотреси, не дај боже да дојде до такви земјотреси.

Менди Ќира сопственик на градежната фирма „Трим и Лум“, вели дека пред да почнат да градат мора да добијат согласност од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје, во делот на почитување на одредени прописи.

Сеизмограм за земјотресот во Охрид.

Сеизмограм за земјотресот во Охрид.

„Ние градиме, и не само јас, по стандардите наши во Македонија. Ги имаме највисоките стандарди во сеизмологијата. Можам да гарантирам, особено за нашата фирма, дека вакви земјотреси од 4-5 степени не можат да делуваат негативно. Ние градиме и за повисоки и посилни земјотреси, не дај боже да дојде до такви земјотреси. Кај нас статиката е главен елемент за градба. И порано имавме надзор на статиката и градбата, но сега веќе една година Заводот за сеизмологија ИЗИС ги испитува градбите. Ние земаме согласност од нив. Тие на почетокот на градбата и на крајот на градбата вршат надзор на објектот. Пред да добиеш одобрение довиваш прво согласност од ИЗИС за статиката, а статиката е железото и бетонот кои се користат во изградбата на целата консрукција“, вели Ќира.

Последниот земјотрес во вторникот беше најсилен и се почуствува речиси насекаде, но најмногу го почуствуваа оние граѓани кои живеат на повисоките катови во зградите. Сите три земјотреси беа со епицентар во Охрид и охридско.

„Ги осетивме земјотреси и некни и сега. Сега после неколку години имаше земјотрес“, вели еден жител на Охрид,

РСЕ:Се исплашивте ли?

„Нормално како секој, особено кога од мирно седење ќе те стресе. Некој да те стресе одзади ќе се уплашиш, а не пак земјотрес. Јас колку што паметам имало доста земјотреси во градот. Познато е дека нашето подрачје е трусно“, вели еден охриѓанец.

„Го почуствував не беше многу силен, но беше страшно. Нормално дека постои вознемиреност. Имаше пред две години посилен потрес“, вели граѓанин на Охрид.

XS
SM
MD
LG