Достапни линкови

Сатјарти - Нобеловата награда е признани и за децата


Еден од добитниците на Нобелова награда за мир, Индиецот Каилаш Сатјарти, изјави дека освојувањето на наградата е најголемото признание за најсиромашните деца во светот. Тој и пакистанската активистка Малала Јусуфзаи ја поделија овогодинешната Нобелова за мир. Сатјарти кој го посвети својот живот на спасување на поробени деца, изјави дека децата со кои тој работи во моментов, исто така, се израдувале на веста за наградата. Тој вели дека покрај радоста, чувствува и должност да продолжи со работата, и рече дека е загрижен за поробените деца, особено во Југоисточна Азија, каде што детскиот труд останува сериозен проблем. Индискиот добитник вели дека е воодушевен што Малала е другиот добитник на наградата.

XS
SM
MD
LG