Достапни линкови

СЗО - повеќе заболени од туберколоза, отколку што се мислеше


Светската здравствена организација соопшти дека има речиси половина милион повеќе случаи на заболени од туберколоза, отколку што претходно се мислеше. Во извештајот на СЗО кој излезе денеска, се наведува дека 9 милиони луѓе се заразиле со тубеколоза во 2013 година, а 1, 5 милиони луѓе починале , меѓу нив 360 илјади кои биле ХИВ позитивни. Но и покрај тоа, од СЗО велат дека стапката на смртност од туберколоза е во опаѓање и е намалена за 45 проценти од 1990 година. Во извештајот уште се наведува дека околу 3 милиони луѓе кои се разболуваат секоја година од оваа болест се непријавени, како и тоа дека за 2 милијарди долари се намалуваат финансиите за борба против болеста.

XS
SM
MD
LG