Достапни линкови

logo-print

Европскиот парламент ја одобри новата Европска комисија


Европскиот парламент ја одобри новата Европска комисија, на чело со Жан-Клод Јункер. За тимот на Јункер, составен од 28 членови, „за“ гласаа 423 пратеници, 209 пратеници гласаа против, а 67 воздржани. Европското тело ќе започне со работи на 1 ноември. Јункер, поранешен премиер на Луксембург, доаѓа на местото на Жозе Мануел Баросо.
Јункер пред гласањето, пред пратениците го претстави својот план за инвестиции во вредност од 300 милијарди евра, за да се зајакне растот и за нови работни места, но исто така вети дека ќе спроведе и буџетски правила.

Европската комисија ги подготвува законите на ЕУ, ги надгледува националните буџети и ги спроведува правилата на Унијата.

XS
SM
MD
LG