Достапни линкови

Учебници за создавање поданици


Илустрација за терминот „власт“ во учебникот по Граѓанско образование за 8 одделение.

Илустрација за терминот „власт“ во учебникот по Граѓанско образование за 8 одделение.

Бакнување рака на повозрасните е изразување на почит кон авторитет, а лојалните граѓани се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи, пишува во учебникот за осмо одделение по граѓанско образование.

Какви генерации се воспитуваат, каква ќе биде државава кога тие ќе дојдат на возраст да ја водат и одлучуваат за неа, се дел од прашањата што се поставуваат откако во јавноста се открија некои спорни содржини од учебникот за осмо одделение по граѓанско образование.

Владата можеби сака да направи проба како тоа ќе се реализира, но младиот свет нема тоа да го прифати зашто се коси со демократските вредности.

Во него, меѓу другото се наведува дека бакнување рака на повозрасните е изразување на почит кон авторитет, а исто спорно објаснување има и за лојалните граѓани. Имено, младите учат дека таквите граѓани секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи.

Несомнено власта преку Министерството за образование, кое е најодговорно, се обидува од младите да направи поданички ориентирани граѓани, вели професорот од средното економско училиште во Тетово, Љатиф Исмаили. Сепак, тој е убеден дека тоа нема да има сериозно влијание врз младите.

Ова е очигледно спротивно на концептот на граѓанското образование којшто беше воведен. Не е јасно зошто некој би се занимавал со такви работи, со такво формулирање на овие основни принципи на граѓанското општество.

„Јас не верувам дека младите генерации ќе го прифатат тоа. Ние и ден денеска се соочуваме со такви проблеми, децата и младите, средношколците на пример, се подготвени да реагираат на одредени невистини. Владата можеби сака да направи проба како тоа ќе се реализира, но младиот свет нема тоа да го прифати зашто се коси со демократските вредности“, вели Исмаили.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски, пак, вели дека токму во тој период младите се формираат како личности.

„Сигурно дека ќе влијае во таква насока, посебно како што гледаме и во современите услови со намалувањето на просторот за јавна расправа којшто практично исчезна, падот на слободата на медиумите во драстична мерка итн., сигурно дека тоа ќе биде негативно во истата таа насока“, вели Новковски и нагласува и дека кога се воведувало граѓанското образование како предмет, целта била сосема спротивна од она што денес го пишува во учебниците.

„Ова е очигледно спротивно на концептот на граѓанското образование којшто беше воведен. Не е јасно зошто некој би се занимавал со такви работи, со такво формулирање на овие основни принципи на граѓанското општество“, вели Новковски.

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов од каде што побараме мислење со оглед на тоа дека тој во својата професорска кариера има дела поврзани со граѓанското општество, демократија и политичките теории, ни соопштија дека немаат реакција.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG