Достапни линкови

Студентите повикаа на протести


Архивска фотографија - протест на студенти, 20 мај 2010.

Архивска фотографија - протест на студенти, 20 мај 2010.

Група студенти повикаа на протести, по најавените реформи за надворешно тестирање на студентите во втора и четврта година на факултетите. Студентите повикуваат вечер во 18 часот сите кои сакаат да изразат револт против оваа мерка да се соберат пред споменикот на Св.Кирил и Методиј на УКИМ.

„Се работи за тебе, мене и сите студенти кои сме засегнати од екстерната небулоза“, се вели во повикот за протест. Повикот е испратен преку социјалните мрежи. Министерот за образование Абдулаќим Адеми пред две недели најавувајќи ги реформите рече дека оние студенти кои нема да го положат државниот испит во втора година, нема да можат да продолжат со студирањето. Вчера и премиерот Никола Груевски потврди дека ќе има надворешна проверка на знаењето на студентите, а сега се разговара за моделот на тестирањето.

XS
SM
MD
LG