Достапни линкови

Кери: Слободата во делови од светот и натаму под закана


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска во Берлин дека слободата сеуште е под закана во многу делови од светот, вклучувајки ја и Европа. На заедничката прес конференција со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, Кери изрази надеж дека Русија ќе сфати дека светот е сериозен во намерата да го заштити украинскиот суверенитет.

Кери допатува во Берлин вчера по повод одбележувањето на 25-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид, што е во наредниот месец. Со домаќинот, Штајнмаер разговарале за битката против милитантите на Исламската држава, конфликтот во источна Украина и справувањето со Еболата. Предвидено е денеска Кери да има средба и со германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG