Достапни линкови

Прогрес во преговорите за гас меѓу Русија и Украина


Шефот на руската делегација на преговорите министерот за енергетика Александар Новак

Шефот на руската делегација на преговорите министерот за енергетика Александар Новак

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер изјави дека бил постигнат суштински напредок во разговорите меѓу претставници на Украина и на Русија за снабдувањето со гас. Според договореното, Украина планира да исплати околу 4 милиони кубни метри гас од Русија пред крајот на оваа година. Етингер додаде дека Украина до крајот на овој месец ќе исплати милијарда и 400 милиони долари од нејзиниот долг кон Русија за досегашните испораки на гас, а преостанатите милијарда и 600 милиони долари до крајот на годинава. Шефот на руската делегација на преговорите министерот за енергетика Александар Новак изјави дека цената би била 385 долари за илјада кубни метри гас, 100 долари помалку отколку што Русија побара пред неколку недели.

XS
SM
MD
LG