Достапни линкови

Канада го подигна нивото на опасност од тероризам


Канадската влада соопшти дека го подигнала нивото на закана од терористички напади поради зголеми општи гласини од радикалните групи како Исламската држава и Ал Каеда. Се наведува дека разузнавачките служби имале индикации дека индивидуалци или групи во Канада или во странство имале намера и биле во состојба да извршат терористички акт. Пред два дена канадски милитант уби еден канадски војник во Квебек. Полицијата соопшти дека го застрелала 25 годишниот убиец. Нему претходно му било забрането да замине во Турција. Канада е дел од коалицијата предводена од Соединетите држави во воздушните напади во Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG