Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: претпладне сончево, вечер врнежливо


Денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне со зголемена облачност која во северните и во западните делови во вечерните часови ќе биде проследена со врнежи од дожд кои на планините, а понекаде и на повисоките места во западните делови од снег. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во вечерните часови ќе има и врнежи од дожд и ќе почне да дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

XS
SM
MD
LG