Достапни линкови

Вон сезона Охрид е „мртов“ град


Туристичките работници посочуваат дека на Охрид му е потребен развој на зимскиот туризам, за градот да живее преку целата година.

Охриѓани се жалат дека Охрид се претвора во мртов град, особено во текот на зимскиот период. Бараат поголема заложба и од централната власт и од локалните власти, бидејќи велат дека тоа се случува последните неколку години. Градските улици после 20 часот се празни, угостителските објекти кубурат и едвај врзуваат крај со крај, нема културни настани, а спортските клубови кои егзистираат во Охрид се бројат на прсти.

Најпрво треба да има повеќе активности за младите за да може да опстои и градот инаку нема шанса. Мртов град, како бомба да паднала, како може Охрид да биде сега во овој период, мртво и страшно.

Дополнителен проблем за Охрид е и заминувањето на младите луѓе од градот, кој во борба за подобар живот среќата си ја бараат надвор од државата. Главното прашање е како Охрид да ја преживее долгата зима, сè до секое наредно лето.

За продолжување на сезоната треба да се понудат пакети преку развој на здравствениот и пензионерскиот туризам со цел во тој период кога гостите не доаѓаат за културни настани и капалишни активности да можеме да понудиме такви пакети сè со цел пензионерите и луѓето кои имаат здравствени проблеми да ги донесеме во Охрид.

„Најпрво треба да има повеќе активности за младите за да може да опстои и градот инаку нема шанса. Мртов град, како бомба да паднала, како може Охрид да биде сега во овој период, мртво и страшно. Младите нема каде да излегуваат освен кафулињата друга шанса немаат, пропаѓаме тотално. Пред седум, осум години ситуацијата беше друга, тогаш функционираше многу подобро, сега е страшно. Како што е тргнато уште полошо ќе биде. За да се активира Охрид мора Владата да преземе нешто и оние што се погоре треба да видат дека долу е сè мртво, а не само за нив. Треба да гледаат и за младите и тоа мислам дека е најбитно“, вели една охриѓанка

Таа посочува дека како што е тргнато, сите млади ќе си заминат од Охрид, особено оние учените.

„На Охрид му фали културен живот. Минатата година ипол немавме театар и самите охриѓани беа ускратени за едно големо задоволство. Театар, филм и концерти да се одржуваат во текот на зимата, а не само тоа да е сконцентрирано во текот на летото, особено во август. Државата и општината треба да поработат повеќе на промоција на Охрид, да не е сведено сè само во летниот период“, вели жителка на Охрид.

Филип Стефановски, туристички работник, вели дека на Охрид му е неопходен развој на зимскиот туризам преку подобрување на зимската понуда, а со тоа итна реализација и на проектот за изградба на ски центар на Галичица. Стефановски вели дека Охрид на зима треба да се сконцентрира на гости од постарата генерација.

„За продолжување на сезоната треба да се понудат пакети преку развој на здравствениот и пензионерскиот туризам со цел во тој период кога гостите не доаѓаат за културни настани и капалишни активности да можеме да понудиме такви пакети сè со цел пензионерите и луѓето кои имаат здравствени проблеми да ги донесеме во Охрид. Во моментот немаме таква понуда и сме слаби во тој дел, затоа што тој туризам одзема голем дел во светот и во околните места во Бугарија и Грција“, вели Стефановски.

Треба конечно да се реализираат и најавите за нискобуџетни авио-линии до Охрид од некои од европските дестинации, за да се олесни достапноста на странските гости во Охрид.

XS
SM
MD
LG