Достапни линкови

Фотографии од непрописно паркирање на битолскиот градоначалник


Благојче Котевски, советник од НСДП во Советот на Општина Битола.

Благојче Котевски, советник од НСДП во Советот на Општина Битола.

Битолската опозиција покажа фотографии од непрописно паркирани возила на градоначалникот Владимир Талески. Наместо да работат нешто паметно, тие ме сликаат, одговори тој.

Благојче Котевски, советник од НСДП, од советничката говорница во Битола покажа фотографии со непрописно паркирани возила, иако во градот околу една година постојат зонски паркиралишта. Тој јавно го запраша битолскиот градоначалник Владимир Талески дали се тоа неговиот приватен и службен автомобил?

Дали се сите еднакви пред законот или е некој над законот?

„Дали е ова неговото приватно возило паркирано несоодветно? Дали е ова Талески кој влегува во несоодветно паркирано возило? Дали ова е службеното возило на градоначалникот исто така паркирано непрописно? Дали се сите еднакви пред законот или е некој над законот? И дали со неговото однесување не мисли дека дава пример на граѓаните на општината?“, праша Котевски.

Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Талески рече дека опозицијата наместо да се занимава со сериозни работи, времето го троши следејќи ги приватните активности на функционерите.

Ако не било соодветно ќе платам казна како секој граѓанин.

„Просто не можам да верувам со што се занимавате. Дали е моето возило е моја работа, а не ваша, каде сум паркирал е моја работа, ако не било соодветно ќе платам казна како секој граѓанин. Ако возачот се паркирал непрописно ќе биде казнет. Доколку имате забелешки слободно сте можеле да го пријавите возилото ако било непрописно паркирано, а не да им го злоупотребувате времето на Советот, медиумите и граѓаните со вашата потполна заблуда“, возврати Талески.

Тој додаде дека не е првпат опозиционери да го фотографираат.

„Можеби имате и други фотографии кои веројатно ќе ги покажувате како пред неколку години, кога добив цел комплет фотографии каде сум одел, со кого сум разговарал. Имаше еден куп пријавувања. Ете со тоа се занимавате“, возврати Талески.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG