Достапни линкови

Лекар од Конго е добитник на наградата „Сахаров“


Денис Муквеге лекар од Конго е добитник на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата. Во енговата болница се третираат илјадници жртви на силување во Демократска Република Конго.

Други кандидати за наградата беа украинското прозападно движење Еуромејдан и азербејџанскиот активист за човекови права Лејла Јунус.

Наградата изнесува 50.000 евра и се доделува секоја година во чест на бранителите на човековите права и слободата на изразување.

XS
SM
MD
LG