Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се „фатија“ за казните


СДСМ денеска обвини дека граѓаните следната година ќе плаќаат повисоки казни затоа што во Буџетот за 2015 година што беше усвоен на вчерашната собраниска седница е предвидено да се соберат 300 милиони евра по основ на такси и глоби. Васко Ковачески, член на партиската Комисија за економија, изјави дека се работи за 40 милиони евра повеќе од лани што треба да влезат во Буџетот по основ на казни. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека нема зголемување на приходите за казни во буџетот за следната година. Според партијата, казните учествуваат со само 0,3 отсто во приходите или 8 милиони евра.

XS
SM
MD
LG