Достапни линкови

„Небрежност“ причина за смртта на директорот на Тотал


Руските истражни органи соопштија дека авионската несреќа во која загина генералниот директор на францускиот нафтен гигант Тотал, Кристоф де Маржери, била предизвикана од „небрежност“ на аеродромските службеници. Маржери и тројца француски членови на екипажот загинаа кога службениот авион на неговата фирма се судри со машина за чистење на снегот на аеродромот Внуково во Москва доцна синоќа. Истражната комисија предупреди дека неколку високи аеродромски функционери ќе бидат суспендирани, додавајќи дека истрагата ќе го проценува „делувањето и неделувањето“ на раководството на аеродромот. Возачот на машината за чистење снег е во притвор. Истражителите соопштија дека тој бил пијан за време на инцидентот, но неговиот адвокат негира. Тотал е еден од најголемите странски инвеститори во Русија. Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин „многу ги ценел“ бизнис квалитетите на Маржери и неговата „конзистентна посветеност“ на развивањето на руско-француските односи.

XS
SM
MD
LG