Достапни линкови

Адеми очекува конструктивни разговори со СОНК


Министерот за образование Абдилаќим Адеми.

Министерот за образование Абдилаќим Адеми.

Во Министерството за образование и наука денеска има средби на три различни групи формирани помеѓу МОН и СОНК кои ќе дискутираат по одделни прашања, соопшти министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

„Се надевам дека разговорите ќе течат конструктивно и позитивно и дека на крајот заедно со СОНК ќе одлучиме кои барања евентуално би биле прифатливи“, рече Адеми.

Во врска со наставниците кои се незадоволни од добиените решенија за намалена плата поради големи отстапувања во екстерното тестирање, Адеми посочи дека тие имаат право на жалба до училишните одбори.

XS
SM
MD
LG