Достапни линкови

logo-print

Иран го поддржува Ирак во борбата против ИД


Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја ќе го поддржи соседен Ирак во борбата против милитантите од Исламската држава. Рохани му рече на ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади, кој е во посета на Техеран, дека Иран ќе продолжи да му обезбедува оружје и воени советници на официјален Багдад. Абади изјави дека Ирак е во војна со „терористи“ кои му се закануваат на целиот регион и се обидуваат да создадат поделби меѓу шиитските и сунитски Арапи. Во пресрет на неговата еднодневна посета на Техеран, Абади за отфрли можноста за странска интервенција против милитантите. Доминантно шиитските Иран и Ирак развиваат добри односи по соборувањето на ирачкиот диктатор Садам Хусеин во 2003 година.

XS
SM
MD
LG