Достапни линкови

Кривични пријави против девет луѓе во акцијата „Арсенал“


МВР поднесе кривична пријава против девет лица осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“ во врска со сервисирање на шест хеликоптери на Министерството за одбрана на Македонија. Групата со тоа нанела штета на буџетот од 2.872.254 американски долари.

Во акцијата „Арсенал“ од слобода се лишени осум луѓе, а деветиот се наоѓа на болничко лекување. Осомничените се од Скопје, Кочани, Струга и од Пробиштип. Тие се поранешни службеници во Министерството за одбрана и бизнисмени.

XS
SM
MD
LG