Достапни линкови

Деветмина уапсени во акцијата „Арсенал“


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата поднесе кривични пријави против деветмина луѓе кои се товарат дека го оштетиле буџетот за над 2,7 милиони долари со незаконско сервисирањето на армиските хеликоптери во Украина.

Кривични пријави против девет лица поднесе Министерството за внатрешни работи по спроведувањето на денешната акција наречена „Арсенал“. Осомничените се товарат дека ја оштетиле државната каса за 2 милиони и 768 илјади долари, односно дека незаконски било спроведено сервисирањето на хеликоптерите на армијата во Украина.

Сервисот е направен, платени се сумите на украинската фирма којашто го вршела сервисот на хеликоптерите, но освен таа сума, практично е преплатена и со фиктивни фактури голем дел од парите коишто за таа намена биле одвоени од Министерството за одбрана незаконски се прелеале на фирми во Република Македонија и надвор од Република Македонија.

Повеќето од нив се сопственици, основачи, директори или управители на фирми во Кипар, Бугарија, Велика Британија и Македонија. Меѓу нив е и поранешниот началник на секторот за логистика при Министерството за одбрана. Приведените се од Скопје, Кочани Струга и Пробиштип и на возраст од 51 до 67 години.

Иво Котевски.

Иво Котевски.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, вели дека кривичните дела се случиле од 2004 до 2009 година.

„Сервисот е направен, платени се сумите на украинската фирма којашто го вршела сервисот на хеликоптерите, но освен таа сума, практично е преплатена и со фиктивни фактури голем дел од парите коишто за таа намена биле одвоени од Министерството за одбрана незаконски се прелеале на фирми во Република Македонија и надвор од Република Македонија“, рече Котевски.

Приведените се осомничени за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластувања, перење пари, фалсификување и уништување на деловни книги. На прашањето како интерните контроли на Министерството за одбрана не го откриле случајот, Котевски вели дека не би можел да говори во нивно име.

„Министерството за внатрешни работи подолг период наназад работеше на документирање на ова кривично дело, така што во оној момент кога ги завршивме нашите активности и проверките коишто требаше да бидат направени, во координација со Јавното обвинителство денеска во раните утрински часови беше реализирана“, рече Котевски.

Министерството за одбрана соопшти дека ја поддржува истрагата која ја спроведува МВР и оти целосно е отворено за соработка со институцијата за расветлување на случајот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG